НА ЛУДИЛОТО ОД ГРУЕВИЗМОТ СЕУШТЕ НЕ МУ ДОШОЛ КРАЈ : Нападната сопругата на реформаторот Петар Богојески

0
2261

Денеска попладне била нападната сопругата на еден од иницијаторите за реформи во ВМРО ДПМНЕ, Петар Богојески. Како што дознава Макфакс, нападот се случил околу 16.30 часот на потегот од Народна Банка кон Стоковна куќа Мост, од страна на црн суперб со комплет затемнети стакла. Од МВР за Макфакс вечерва потврдија дека е пријавен ваков случај во полициската станица Карпош.

-На 19.07.2017 во 17.20 часот лицето К. Б. пријави дека во 16.35 низ централно градско подрачје додека се возела со своето ПМВ, од страна на непознато машко лице кое управувало ПМВ марка Шкода Супер со НН регистарски таблици во повеќе наврати пробувало да предизвика сообраќајна незгода. Пријавителката се обидела да побегне по што најблизу била до ПС Карпош таму е пријавен настанот.
По утврдување на идентитетот на возачот на ПМВ марка Шкода Ќе бидат преземени мерки согласно законите на РМ,соопштија од МВР.

Макфакс се обиде да стапи во контакт и со реформаторот Петар Богојески, но тој е недостапен за одговор дали се сомнева кој стои зад нападот.

Извор : А1он