На гомнарот со гомнарски цевки!

0
1767

Влегуваме во вториот дел од предизборната кампања, кој по веќе востановениот обичај, ќе биде многу повалкан од првиот.

Откако очигледно не помина приказната на режимот за тоа дека СДСМ и опозицијата ја кантонизираат и ја федерализираат Македонија, Никола Груевски, како што најавуваат неговите пропагандни куртони, подготвува нова манипулација – наводни докази дека прислушкувањето било дело на некаква „параслужба на СДСМ“.

Кон ова треба да се додаде и тезата што ќе ја мантра ДУИ, а која веќе ја најави Артан Груби – кризата во Македонија бил дел од кризата во регионот (Србија, Црна Гора, Босна), а таа криза имала „евроазиски автор“. Алиевци ќе се обидат да измислат приказна дека македонската опозиција е поддржана од „евроазиски“ сили, каква што е Русија на пример, заборавајќи при тоа дека за време на нивниот осумгодишен брак од интерес со ДПМНЕ, груевци отворено манифестираа антизападно расположение и блискост со Русија, со Кина, со Индија.

СДСМ нема друг избор освен жестоко да возврати на ваквите манипулации. На книга со книга, на бомби со бомби. Нема ни причини, а ниту време за некакви посебни скрупули и за продавање „финоќа“. Старото војничко правило вели дека во војна муниција се штеди. За клучната битка. Е сега доаѓа клучната битка. Сега мора да се употреби целиот арсенал што е на располагање, бидејќи противникот нема да биде нежен и ќе го стори истото.

Деновиве, како што знаете, ретко пишувам колумни. Многумина ме прашуваат зошто. Мојот одговор е едноставен – сега е време кога просторот во медиумите што ги водам многу повеќе им е потребен на другите отколку на мене. Но, овој пат морам да направам исклучок, за да ве потсетам дека на почетокот на трката ви посакав кампања без насилство, но со многу, многу немир и неспокојство. Сега, претпоставувам, насетувате зошто испратив таква порака. Деновиве тоа ќе стане уште појасно. Со еден збор, време е да се симнат ракавиците и да се удри силно.

На гомнарот со гомнарски цевки. Или тие, или ние

Пишува : Бранко Героски, извор – Плусинфо