НА ВМРОНИТЕ ИМ ТЕКНА ЗА ШТЕДЕЊЕ, ОТКАКО 10 ГОДИНИ МАМИЦАТА И ЈА РАСПЛАКАА НА ДРЖАВНАТА КАСА, НЕ ЗАДОЛЖИЈА СО 3 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ГИ ЛУПНАА НА ТРКАЛА, ВРБИ У ВАРДАР, СПОМЕНИЦИ, ФАСАДИ, МЕРЦЕДЕСИ ОД ПОЛА МИЉОН, ВЛАДИНИ ПРОПАГАНДИ ОД 30 МИЉОНА ГОДИШНО…

0
1259

1.3 милиони евра за промотивна кампања на парламентарците?

Со 98% од граѓаните на оваа држава ако застанеш да си помуабетиш ќе сконташ дека луѓето си решаваат семејните проблеми со неколку десетици илјади денари за кои сонуваат да ги имаат.

1.3 милиони евра за референдумска кампања за парламентарците?

Напрајте го тоа што морате и да завршиме со тоа.

Дајте ги парите за да ги смениме чучавците што смрдат во сите школи.
Платете ги даскалите, учителките во градинки, докторите, полицајците и војската за луѓето да имаат мотив да ги градат столбовите на една држава.

1.3 милиони евра за промоција на ставовите на парламентарците?

Идам на детска кардио клиника со упат у раце, полуписмена болничарка ме враќа назад со некои небулозни објаснувања како да мисли дека сум доживеал лоботомија.

Уште се чекаат партиски списоци за врабодувања во јавни претпријатија и државни институции кои и онака се пренатрупани, а кои приватниот сектор треба да ги храни.

1.3 милиони евра за да ги слушаме наредниот месец по телевизии за нивните ставови?

Пуштете ги уметниците да бидат по медиумите. Нека кажат тие што ново создале. Децата да слушаат, читаат и гледаат на македонски јазик. Семето ни се сотре, ситни души!

Направете инфраструктура за да може луѓето да заработуваат нормално.
Направете две национални студија со најквалитетна опрема и пратете 50 инженери на звук да учат во елитни училишта за околниве земји да доаѓаат тука да снимаат.

[се изнервирав]

Фејсбук статус на Васил Буралиев