НА БИЗНИСОТ МУ ТРЕБА ДЕПАРТИЗИРАНА ДРЖАВА : БРАНКО АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО БОЈАН МАРИЧИЌ

0
339

На средбата Азески потенцираше дека Комората има клучна улога во процесот на преговорите со ЕУ, имајќи предвид дека транспонирањето на регулативата и обврските кои ќе се преземат треба да ги имлементираат самите компании.

Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески денеска имаше работна средба со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ на која се разговараше за зајакнување на соработката на полето на евроинтеграциите и учеството на Стопанската комора во процесот на преговори.На средбата Азески потенцираше дека комората има клучна улога во процесот на преговорите со ЕУ, имајќи предвид дека транспонирањето на регулативата и обврските кои ќе се преземат треба да ги имлементираат самите компании.