НА АРСОВСКА И ЗБОКТИСА И ЗАПУКА ЛИ ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ : КАЈ Е ШПИЦНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК, НЕ ГО ГЛЕДАМ ТУКА, КАЈ СЕ КРИЕ МИЦКОСКИ!

0
574

Има една песна од Игор Џамбазов ,,Каква е оваа ситуација”. Се искаравте за милионски провизии, се скаравте кој да ги земе провизиите! Која е оваа фарса и иронија, каква е ова перверзија која ја креирате во јавноста. Ова на денешните советнички прашања во Град Скопје го истакна советникот Гордан Шутаров од редовите на СДСМ, алудирајќи на кавгата на градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, околу тендерот за прочистителната станица вреден околу 125 милиони евра.

Со прашања за милионскиот спорен тендер пак се јави и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галевски.

Тој ја праша градоначалничката зошто чекала месец и половина доколку имала сомнежи за тендерот, бидејќи дописот за смена на членовите на комисијата за евалуација го испратила на 25 јули.

Тој и презентираше и фотографија од турски државјанин, за кој ррече дека бил линк со турската компанија која учествува на тендерот.

-Дали го знаете овој лик? Не би сакале по една година да се сетите во обвинителство на овој лик. Дали за ова баравте промена на комисијата за евалуација? Од каде знаеве дека понудата на турската компанија е пониска, праша советникот Галевски.

Арсовска одлучи само на овој советник да му одговори усно, па рече:

-Советниче, кога лажете и кога ви се тресе рачето, смалете доживјај. Кај е шпицниот градоначалник, каде се крие Мицкоски?

Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни луѓе, а Мицкоски не е еден од нив. Откако ви го фатив директорот со рачете во медот одеднаш не чинам. За спорниот тендер има кој да одговори. Јас ќе си продолжам по патот на правдата, ама Мицкоски од тендер матицата нема никогаш да излезе. Да се бореше со власта како што се бори со мене ќе ја спасаше Мкедонија. Кога ги фативме директорчињата на Мицкоски со рацете во медот од тогаш јас не чинам, повтори Арсовска.

По дадената пауза градоначалничката си замина, иако седницата за пратенички прашања ќе продолжи.

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска пред совениците на град Скопје.