НА АЛБАНСКИТЕ ВМРОВЦИ ОД БЕСА И АЛИЈАНСА НЕ ИМ ИДЕ ПАМЕТ, СО СИОТ УМ БАРААТ ВМРО-ДПМНЕ ДА СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ И ДА ГИ КОЉА И ВАРИ САПУН АЛБАНЦИТЕ – Лидерот на БЕСА, Касами со закана до СДСМ : Режимот на Заев ќе биде соборен со гласот на Албанците, гласајте за Река!

0
1418

Лидерите на Алијансата на Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами вечерва на митингот на претседателскиот кандидат Блерим Река во Тетово побараа Албанците да гласаат за единствениот Албанец во оваа трка.

  • Гласот за Река е почит за сите Албанци кои биле во затвор за рамноправност и достоинство на народот. Да покажете на 21 април револт против неостварените ветувања за правда. Тоа ќе биде порака дека Албанците се тука и ќе останат, рече Села.

Касами порача дека на овие претседателски избори треба да се делегитира власта.

  • Да не заборави Заев дека режимот на Груевски беше соборен со гласот на Албанците. Можам да кажам дека и режимот на Заев и неговите соработници Албанци ќе биде соборен исто со гласот на Албанците, со гласот за Блерим Река, истакна Касами.

На митингот поддршка за Блерим Река побара Албин Курти, политичар од Косово, лидер на движењето Самоопределување.