НАЈЧЕВСКА СО КРИТИКА ЗА АРСОВСКА : ВАКА ПРАВАТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ КОИ ЛАЖЕА ДЕКА СЕ НЕЗАВИСНИ

0
1881

Професорката Мирјана Најчевска, со објава на социјалната мрежа Фејсбук, го искажа своето мислење за денешната одлука на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за назначување на Јане Мицевски за вршител на должноста директор на ЈП Депонија „Дрисла”.

– Јане е назначен на оваа функција заради својата професионалност и искуство и знаење и способност и до сега покажаните резултати.

Не затоа што беше носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште. И не затоа што е горд следбеник на Ќосето и горд почитувач на криминалецот Груевски.

Ете тоа се тие нови и препознаени квалитети кои ќе ја извлечат државата од ќенефот во која истите тие ја закопаа. Вака прават градоначалниците кои лажеа дека се независни, пишува Најчевска.