Најчевска: Најголемо зло за оваа земјичка е постоењето на партија како ВМРО-ДПМНЕ

0
1438

Не може човек да излезеи да се бори со реалните проблеми во државата откако некој ваков лик ќе испошлака 1000 глупости и лаги.
Многу е тешко ве уверувам.

Не знаеш што попрво да почнеш.

Дали на овој лик и на сите на кои им се обраќа да им објаснуваш дека граѓаните 5 години во континуитет протестираа против мафијашко-фашистичкиот режим на ВМРО-ДПМНЕ пред да се симне од власт Груевски. А сега улиците се празни.

Дека главен проблем не е тоа што се воспоставил некој нов заевистички режим кој сега треба да го срушиме туку тоа што симнувањето од власт на Груевски не се претвори и во рушење на режимот кој го имаше воспоставено што е во голема мера вина токму на Заев.

Или да почнеш да објаснуваш дека ни мртва не би сакала да дојде на власт било кој репрезент на ВМРО-ДПМНЕ како репрезент на тој режим.

Или пак, дека ќе направиш се што е во твоја моќ да се сруши конструкцијата на Груевски која овој лик сака да ја заштити и понатаму да ја надградува.

Или да објаснуваш на овој кутар и неписмен македонски граѓанин дека ниту еден од нашите најбогати луѓе не е ни близу до вистина богатите во Европа, меѓутоа партиите стануваат вистински богаташи, а ВМРО-ДПМНЕ е партија со најголем посед од сите партии во Европа.

Најголемо зло за оваа земјичка е постоењето на партија како ВМРО-ДПМНЕ и отсуството на партија која може да го сруши кафезот во кој не зароби.

Фејсбук статус на Мирјана Најчевска