Со изборот од преку 3500, Лондон е полн со пабови. Сепак, еден од нив е сосема поинаков од сите други. Најмногу поради фактот што е скоро целосно сокриен од вистинска лавина на цвеќиња, кои чинат повеќе од годишната плата на многумина. The Churchill Arms е прекрасен цветен паб и голем хит на социјалните мрежи.
За почеток, ајде да се осврнеме на насловот: за да ја создадат својата цветна фасада, за декорации The Churchill Arms издвојуваат 25.000 фунти годишно . Но, тоа е Кенсингтон, па зарем очекувавте скромност? Кога доаѓа проелтта и цвеќињата цветаат, The Churchill Arms е покриен со 100 саксии, 48 жардињери и 42 висечки кошници, или безброј цвеќиња во прекрасни бои. Замислете го кутриот тој што треба да ги полева!
Во зимскиот период за Божиќните декорации, The Churchill Arms троши малку поразумен износ од 5,000 фунти.
Со тие пари купуваат 90 елки и скоро 12,000 светилки. Дедо Мраз сигурно застанува тука и апсолутно нема шанси да не го види пабот.
Внатре, декорот е подеднакво вчудоневидувачки. The Churchill Arms е како катедрала за сувенири на Черчил, со слики, банери и други детали низ целиот паб.
Тука, Черчил ги правеше своите воени емисии и се смееше на акварелите на Хитлер додека пиеше банана дакирис. The Churchill Arms има конекција со некогашниот Премиер: неговите баба и дедо во него минале голем дел од 1800-те , па оттаму по Втората Светска Војна пабот го добил името The Churchill Arms.
Ова место е навистина паб со многу убави изненадувања. На пример, украсите на пабот добија награди од Chelsea Flower Show. Далеку од прилично откачениот декор, The Churchill Arms е (наводно) првиот паб во Лондон кој почнал да служи тајландска храна. И дали би изненадило да дознаете дека тука ќе најдете и извонредна, прекрасна градина во затворено?
Можеби цветните ѕидови, пад таи, и Винстон Черчил не се традиционлна комбинација, но во The Churchill Arms тие дефинивно функционираат.