НАЈСЛАВНИОТ АНТИ ВАКСЕР ОД САД ПОЧИНА ОД КОРОНА НА 30 ГОДИШНА ВОЗРАСТ, ОСТАВИ 3 ДЕЦА СИРАЦИ И БРЕМЕНА СОПРУГА

0
2587

Кејлеб Волас бил еден од основачите на движењето „Бранители на слободата на Сан Анџело“

Кејлеб Волас, водач на движењето против носењето заштитни маски во централен Тексас, почина од ковид-19 откако поминал три недели на интензивна нега, објави неговата сопруга Џесика, која преку интернет собираше средства за неговото лекување. Таа неодамна изјави дека состојбата на 30-годишниот Волас се влошила и дека лекарите веќе немале опции како да го лекуваат.

„Во саботата, тој беше префрлен во болницата во Сан Анџело за да може семејството да се прости од него“, изјави Џесика Волас, која е бремена по четврти пат.

Волас повремено се појавувал во локалните медиуми поради својот конзервативен активизам, но со поширока популарност се здобил откако станал еден од организаторите на „маршевите за слободата“, на кои се протестираше против локалните и националните мерки за носење заштитна маска во пандемијата на коронавирусот. Тој притоа бил еден од основачите на движењето „Бранители на слободата на Сан Анџело“, кое се бореше против коронамерките и задолжителното вакцинирање.