НАЈМАЛКУ 36 ЖРТВИ ВО НЕМИРИТЕ ВО ИРАН КОИ СЕ СЛУЧИЈА ПОРАДИ РИГИДНИТЕ ПОЛИТИКИ ПРОТИВ ЖЕНИТЕ

0
468

Најмалку 36 лица загинаа во задушување на протестите што избија во Иран по смртта на младата девојка, уапсена од полицијата за морал, соопшти невладина организација со седиште во Њујорк.

Според официјални податоци, во демонстрациите поради смртта на Махса Амини, животот го изгубиле најмалку 17 лица. Но, Центарот за човекови права во Иран соопшти дека бројот е поголем.

„Властите признаа смрт на најмалку 17 лица, додека независни извори зборуваат за 36 жртви“, наведе Центарот на Твитер.

Протестите започнаа откако 22-годишната Махса Амини беше приведена од полицијата за морал, потоа претепана бидејќи, наводно, хиџабот не го носела правилно. Амини падна во кома, а потоа почина.

Убиството на Амини го осудија Обединетите Нации, Европската унија, САД.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси најави истрага за смртта на младата Амини.