Најавите на Славчо Попоски како и секогаш прецизни и остварени: Во Македонија владее вистинска пролет

0
1956

За време на викендот кој доаѓа или поточно во петок во текот на ноќта кон денот сабота како и во денот сабота територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажна и постудена воздуша маса од северозапад и истата брзо ќе поминува над нашето подрачје и ќе донесе зголемување на облачноста која ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд. На почетокот врнежи од дожд ќе има и на планините поради невообичаеното топло време но поради продорот на постуден воздух од север во денот сабота на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег каде се очекува формирање на нова снежна покривка. Услови за повремени врнежи од снег ќе има и на некои од повисоките предели.

prec01_077

Локално врнежите ќе бидат малку поинтензивни и се очекува да наврнат околу ими над 10 л/м2 воден талог. Во петок ќе дува умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој на некои места повремено ќе се засилува додека во сабота поради веќе споменатиот продор на малку постуден воздух од север ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец. До петок температурите на воздухот ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината  и ќе се движат во интервал од 12 до 19 степени додека во сабота ќе имаме посвежо време со пониски температури на воздухот и истите ќе се искачат во интервалот од 4 до 12 степени.

Потоа од недела повторно температурите на воздухот ќе бидат во пораст и времето постепено ќе се стабилизира.

Во следните денови следува нова а по потреба и обновена прогноза.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ