НАУЧНИЦИТЕ ПОТВРДИЈА: ОВАА КРВНА ГРУПА Е НАЈПОДЛЕЖНА НА КОРОНА ИНФЕКЦИЈА

0
1012

Студијата се засноваше на 1.610 тестови на крв.

Германски и норвешки лекари ги потврдија претпоставките од нивните кинески колеги дека крвната група игра решавачка улога во развојот на корона вирусот. На почетокот на март, кинеските научници откриле дека луѓето со крвна група А имаат поголема веројатност да се разболат од луѓето со крвна група О.

Научниците од Универзитетот во Осло и Кил, врз основа на 1.610 тестови на крв од лица кај кои вирусот беше во прогресивна фаза и кои беа на респиратор, докажаа поголем дел се со крвната група А. Инаку примероците на крв беа анализирани од луѓе од погодените региони во Италија и Шпанија.

ДНК на пациентите беше споредена со онаа на 2.205 здрави донатори на крв од двете земји. Во студијата, предводена од норвешкиот научник Том Карлсен и Германецот Андреа Франке, заклучија дека пациентите со крвна група А имаат двојно поголема веројатност дека имаат потреба од респиратор отколку луѓето во крвната група О.

Откриле дека луѓето со крвна група О имаат заштитен ефект, врз основа на кој помал е ризик од инфекција. Во Германија 37% од населението има крвна група А + и 35% крвна група О +, 6% А- и О-.