НАСТАВНИЧКА ОД ОСНОВНО ШКОЛО ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ УАПСЕНА ЗА ДИЛАЊЕ ДРОГА

0
762

Синоќа МВР спроведена акција за приведување група дилери на дрога, од која дел била и наставничката во училиштето „Александар Македонски“. 

Наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ во населбата Ново Лисиче во скопската Општина Аеродром е уапсена за дилање дрога. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера вечер била спроведена акција за приведување група дилери на дрога, од која дел била и наставничката. Од таму велат дека во текот на денот ќе излезат со целосна информација за случајот.

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил утрово напиша дека вчера МВР привела наставник кој подолго време работи во основното училиште „Александар Македонски“.

„Процесот на социјализација и едукација на децата не смее да се поврзува или да биде обременет со било каква нелегална активност која е во спротивност со законот. Инсистирам случајот да биде расчистен во целост и во таа насока основното училиште и Општина Аеродром веќе соработуваат со надлежните институции за спроведување на законот“, вели Муцунски.

Извор : СДК.МК