НАРОДОТ ЈА ЧИТА ОДЛУКАТА ОД СТРАЗБУР СО ПУКАНКИ ВО РАЦЕ : СУДОТ ВО СТРАЗБУР ПОТВРДИ, ПОБЕДА НА ВЛАДАТА, ПРАВДАТА И ПРАВНАТА ДРЖАВА

0
360

СДСМ ја поздравува одлуката на Европскиот суд за човекови права, која потврдува дека апликациите на поранешните функционери на ВМРО-ДМПНЕ, на кои поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се обиде да им даде незаконски помилувања, се недозволени.

Оваа одлука е важна, бидејќи Судот во Стразбур не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите на поранешниот политички естаблишмент од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја доведе Република Северна Македонија во состојба на заробена држава. Напротив, Судот смета дека нивните наводи се недозволени.

Аргументите на државата во однос на недозволеноста на апликациите победија и се уважени. ВМРО-ДПМНЕ изгуби во Стразбур, и нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажа неуспешен.

Оттука натаму, независната судска власт има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доведе до крај кривичните постапки кои се предмет на пресудата.

Владеењето на правото и правната држава во која одговорност пред законите е еднаква за сите без разлика на политичка, верска, национална или било каква припадност се врвни приоритети на СДСМ во градењето праведно и правично оштество.