НАРОДОТ КОНЕЧНО СИ ГО ЗЕМА СВОЕТО : Парите од скенираните фискални сметки ќе се префрлаат од 1 декември

0
1020

Mеѓу први и 15 декември треба да легнат првите пари на скенирачите на фискални сметки.

После декемвриската исплата, потоа на секои три месеци ќе се исплатуваат наредните средства на трансакциските сметки од скенираните фискални. Значи, во текот на февруари ќе има исплата за месеците октомври, ноември и декември, додека, пак, во април, на „скенирачите“ на фискални сметки ќе им стигнат парите за месеците јануари, февруари и март.