НАПАЃАЧОТ КОЈ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС ВО КИНЕСКИ КВАРТ УБИ 10 ЛУЃЕ СЕ САМОУБИ

0
475
Мажот кој уби десет луѓе во саботата за време на прослава на кинеската Лунарна Нова година во сала за танцување во Монтереј парк, град во близина на Лос Анџелес, изврши самоубиство.

Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна објави дека убиецот е идентификуван како 72-годишен Ху Кан Тран, но неговиот мотив за масакрот е непознат.Убиецот си го одзел животот вчера во градот Торанс, град на околу 30 километри од местото на злосторството, откако полицијата го идентификувала.Тран откако уби десет луѓе во паркот Монтереј, со пиштол упадна на прославата на кинеската Нова година во Алхамбра, но обезбедувањето успеа да го неутрализира.