НАПАДНАТИТЕ НВО АКТИВИСТИ ОД ЈУЖНА КОРЕЈА БЕА ПРИМЕНИ ВО МНР КАДЕ ДОБИЈА И ОФИЦИЈАЛНО ИЗВИНУВАЊЕ

0
804

Извинување до претставниците на НВО од Република Кореа

Денес во Министерството за надворешни работи државниот секретар Зоран Попов ги прими и упати извинување до претставниците на невладина организација од Република Кореа кои беа изложени на вербален акт на нетрпеливост и ксенофобија во центарот на Скопје.

Остро го осудуваме овој изолиран чин на говор на омраза, расизам, ксенофобија и нетолеранција, што се коси со темелните вредности на македонското општество и очекуваме надлежните органи да го откријат и соодветно санкционираат сторителот.

Борбата против говорот на омраза, расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата и други видови на нетолеранција треба да биде една од најважните вредности на нашето општество, особено имајќи ја предвид неговата мултикултурална димензија. Таа борба треба да биде императив на сите институции, но и на граѓаните на нашата земја.

Скопје, 30 јануари 2020 година