НАНО РУЖИН ЗА ПОРТАЛОТ МАКТЕЛ : МАЛИТЕ ВЛАДИНИ КОАЛИЦИОНЕРИ ГО КОРИСТАТ МОМЕНТОТ ЗА ДА СИ ЈА ПОКАЧАТ ЦЕНАТА НА ПАЗАРОТ ПРЕД ИДНИТЕ ИЗБОРИ ДОГОДИНА

0
921

Мактел го праша професорот Нано Ружин за коментар за заканите на малите владини коалиони партнери кои се закануваат дека ако помине францускиот предлог тие ќе ја напуштат владата. Дали се работи за забегување во десно на овие партии или за чисто политичко профитирање од кризата.

– Мислам дека ЛДП ДОМ И ДС се мали партии кои како партии на политичкиот центар заради бројни аномалии на изборниот систем и владеачкиот бипартизам неможат самите да излезат на површината на македонската политицка сцена. Затоа бараат стабилни коалициони партнери со цврста определба повеќе никогаш да не бидат во опозиција т.е секогаш да се во власта и затоа се секогаш подготвени на компромис. Во услови на мало парламентарно мнозинство свесни се на нивното значење за владината коалиција. Не верувам дека нивната идеологија оди кон десно туку кон некој можен коалиционен партнер.

И тие научија да играат бидејки од една страна СДСМ е свесен дека им се неопходни а од друга страна нивната тежина иако мала е секогаш интересна за ВМРО ДПМНЕ.Тоа е само една хибридна форма на политичко дејствување и пронајдена стратегија на Трет блок.

Засега само се закануваат за да приберат глас повеке како што беше слуцајот со нивните позиции кон Францускиот предлог иако на сите им е јасно дека протестантите протестираат за предвремени парламентарни избори и за власт а не против евро интеграции или францускиот предлог.