Thursday, May 8, 2025
11.8 C
Skopje

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ ПОРАДИ МАГЛА НА СТРАЖА

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража, соопштуваат од АМСМ.

Оттаму потсетуваат дека од 15 ноември 2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2025 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ФИЛИПЧЕ: ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ЗНАМ ЗАВРШИ КАКО ПРИВАТЕН БИЗНИС-ПРОЕКТ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средбата со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ