Над 200 илјади Македонци чекаат за бугарски документи

0
1926

Над 200 илјади Македонци сакаат да станат Бугари. Таква е оценката на претседателот на парламентарната комисија за Бугарите во странство Румен Јончев. Пратениците во специјалната комисија ги разгледаа мерките, со кои ќе ја прецизираат постапката за признавање на бугарскиот корен на луѓето од историските бугарски заедници зад граница, пишува бугарскиот портал „segabg.com“.

Bugarski_pasosi

Во понатамошниот текст се додава: „Издавање на сертификати за потекло е особено проблематично во последните 2 години поради конфликтот меѓу Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ) и Советот за државјанство во Министерството за правда. Причината е во откритијата кон крајот на 2014 година, дека агенцијата има издадено голем број на такви документи на странци, без да побара од нив соодветни докази дека имаат бугарско педигре.

Потврдите го олеснуваат многу процесот на добивање на бугарско државјанство. Затоа советот фактички ја замрзна датотеката за молби за државјанство, придружени со такви документи, додека испраќачите не ги поддржуваат со докази. Тоа ги налути како „ДАБЧ“, така и ресорната парламентарна комисија, која го обвини Министерството за правда дека го крши законот, и дека одбива да ги признае административните акти на другите државни орган. Министерот Христо Иванов се обврза во средината на мај да достави за еден месец целосен извештај за случајот, но поради немирите околу уставните реформи тоа и не случило.

Румен Јончев соопштил дека очекува министерот да се појави на неговата комисија следната недела, за да размислат заедно за мерките по прашањето. Инаку пратеникот ќе поднесе амандмани на законот за Бугарите што живеат надвор од земјата, со кои ќе им се овозможат сертификати за потекло да се издаваат и врз основа на нотарски заверена изјава која ќе ги содржи околностите со кои се докажува бугарскиот корен. Проверката за точноста на изложените документи и  факти ќе се предаде и на „ДАБЧ“.