НАД 1700 ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП, ДВЕ ЛИЦА ПОЧИНАА ОД СВИНСКИ ГРИП, ВЛАСТИТЕ СМИРУВААТ ДЕКА ЛЕК ТАМИФЛУ ИМА ДОВОЛНО!

0
1609

Над 1700 заболени од грип, најмногу од Тетово, Гостивар и Скопје.

Втора жртва за само два дена по добиени компликации од сезонскиот грип. 24 годишната девојка со Даунов синдром починала на КАРИЛ по добиените компликации од грипот, објавува Канал 5.

На детската клиника по компликации од грип почина и пет годишно девојче.

Вирусот на грип од инфлуенца А во Македонија не беше присутен три години. За епидемиолозите телото кога има вирус на грип важна е неговата кондиција, дали има други заболувања и заради тие компликации состојбата со здравјето може да стане сериозна.

За само една недела бројот на болни од грип се зголемил за 50 проценти. Докторите очекуваат дека бројот на болни ќе расте. Лекот тамифлу за лекување на грип го има во доволни количини.