Надзорник во „Идризово“ фатен со хероин

0
1508

Хероинот спакуван во најлонско пакетче надзорникот се обидел да го внесе во затворот облечен во униформа. Но на контрола му бил направен претрес и во моментот кога колегите требало да му ја проверат униформата надзорникот се обидел да бега, а пакетчето со хероинот го фрлил. Но безбедносните камери снимиле каде била скриена дрогата. Дека е фатена дрога во најголемиот затвор во Mакедонија и тоа дека вработен со висока функција во обезбедувањето ја внел потврдија од Oбвинителството и директорот на затворот, пренесе Телма.

idrizovodroga1-670x376

Надзорникот денеска е во полициска станица, а по барање на обвинител од Судот се издадени наредби за претреси во неговиот дом и други локации и истовремено се врши вештачење на дрогата. Од таму најавија кривична пријава за наздорникот и барање за притвор.

Ова е трет случај годинава вработени од затворот Идризово да бидат откриени со дрога која ја носат и продаваат на затвореници. Само за еден надзорник кој бил фатен со марихуана која им ја продавал на затворениците, постапката е завршена со првостепена неправосилна пресуда од две и пол години. Но за двајца надзорници постапката е заглавена во полиција. Во Судот и Обвинителството нивните имиња не се појавуваат во евиденцијата за водење кривична постапка потврдија за Телма од двете институции.

Во затворот Идризово покрај редовните и строги контроли како за затворениците и нивните роднини кои доаѓаат на посета се прават ненајавени вонредни контроли и врз вработените. Но, и покрај тоа до затворениците и натаму успеваaт нелегално да стигнат телефони, дрога и други нарачки за кои затворениците плаќаат, а каналот главно е чуварската служба.