НАГРАДЕН И ОВОЈ ШТО ХУШКАШЕ НАРОД НА 27-МИ АПРИЛ ДА КОЉАТ ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕ : КЛИМОВСКИ – ОД ГОВОРНИК НА ВМРО-ДПМНЕ И ПРОТИВНИК НА ДРЖАВНИТЕ ПРОЦЕСИ ДО ПРЕДЛОГ ЗА УСТАВЕН СУДИЈА

0
1034

ВМРО-ДПМНЕ го предлага Саво Климовски за уставен судија. Климовски на јавноста е познат по говорите за време на протестите на ВМРО-ДПМНЕ, но и неговите ставови против важните државни процеси во државата.

Тој е противник на Охридскиот рамковен договор, кој според нашиот стратешки партнер САД е договор кој ја води државата напред и кој е основа за мирот во целиот регион. Климовски јавно го критикуваше Охридскиот договор и предупредуваше за евентуални штети кои би претрпела државата од истиот, кои сепак никогаш не се остварија.

Освен Охридскиот рамковен договор на метата на критика на Климовски е и Договорот од Пржино, кој значеше излез на државата од политичката криза и го разоружа режимот на Никола Груевски.

„Охридскиот договор е наметнат од надвор исто како и Договорот од Пржино. Македонија е во состојба на хаос и општа анархија заради наметната состојба од надвор со Договорот од Пржино. Оние кои ги објавиле прислушуваните разговори, тоа го направиле незаконски и треба да бидат уапсени, но за да се смири состојбата и народот, на Македонија и е потребен нов Устав“ изјави свовремено Климовски.

Со предлогот на Климовски за нов уставен судија очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не посакува напредок на државата и подобро општество, туку продолжува со заситување на нивните партиски интереси.

Наместо истакнати правници, кои се на линија на одбрана на владеењето на правото и еднаквоста во земјава, ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за уставен судија предлага професор кој беше на браникот на режимот на Никола Груевски и кој говореше на партиски настани и протести каде што го величаше експремиерот.