Мeфисто дојде по своето

0
1501

Кој до сега преферирал повеќе ДУХОВНА ХРАНА од трката по ПАРИ и СЛАВА,просто е невозможно а да не се сретнал со драмскиот спев,ГЕТЕ-виот ФАУСТ.Тоа е прикаска како се продава душата за пари,слава и земски удопствија на ЃАВОЛОТ и како неминовно се плаќа цената за тоа.Е токму тоа и се случува сега на ВРХУШКАТА на ДПМНЕ.

zoran-jovanovski1

Ѓаволот дојде по своето ! После овие до сега одслушани т.н БОМБИ на опозицискиот лидер,јас со сигурност можам да констатирам а судејќи по емотивната компонента содржана во секој од разговорите дека тие не само што дојде времето да се плати цехот туку и за целото ова време не ја уживале власта исто како што и Фауст не ја уживал повторната младост и Гретината љубов подарени од ѓаволот наречен Мефисто.

Ја лично од секогаш сум делал,не секогаш и сметал,но делал надвор од максимата за спремност да се скључи сојуз и со “БОГА и со ЃАВОЛОТ„ за да се влезе во циркусот наречен ВЛАДА на Б(В)алканите.Евидентно е,дека скоро сите учесници од досега слушнатите прислушкуваните разговори,се на искључително низок духовен развој,а предоминантно се присутни ЖИВОТИНСКИТЕ НАГОНИ.

Да се освои,да се победи,(кај што треба) да се растури,да се собере.Очигледно е дека УДОБНИОТ живот не е доволен,па за сходно е да се влегува во ДУБИОЗИ и РИЗИЦИ,само за да се собере повеќе.Одредени аспекти на ПСИХОЛОГИЈАТА детерминираат постоење на “НАГОН за СОБИРАЊЕ„ покрај останатите и затоа овде иронично би додал дека кај верверичките на пример,која верверичка го има претерано овој нагон и собира повеќе лешници од потребното,останатите верверички ја избегнуваат и не ја есапат за парење.
Очигледно е дека само кај луѓето нема РЕД и УСУЛ.Па нека патат.Која мачка маст јала и стап треба да јаде.Нека се шири СУЕТАТА од овде до“БОГА„ и назад и во исто време нека се СТРАДА.

Од истоимената драмска поема произлегува и еден израз “ФАУСТИАН„ под кој што се поима една амбициозна личносткоја што го отфрла моралитетот,етиката а понајвише ја игнорира потрагата по суштината за да постигне СЛАВА,ПАРИ,МОЌ и земско нагонски удоволствија.Но за да ПАРАДОКСОТ биде ТОТАЛЕН,АПСОЛУТЕН и СЕКАКОВ и АПСУРДЕН,овие луѓе често се КРСТАТ често одат по ЦРКВИ и се декларираат себе си за ВЕРНИЦИ кој се плус и ДЕМОКРАТИ или ДЕМО(н)ХРИСТИЈАНИ.

Но сега се поставува прашањето,ако се христијани дали ја прочитале БИБЛИЈАТА ? Не.Што би ја читале кога се може и без тоа.Кога се може да се “СЕТИНГУВА„ сопствена верзија на религиски начела,сходни на нивните потреби,базирани на:Па ја сум само човек;па види ги и нив/него;ај ќе прости господ;тоа не е грев и тн и тн и така костимираат сопствена РЕЛИГИСКА ЕТИКА која нема да биде во колизија со материјалните удоволствија и животинско нагонското.

Демохристијани кој не се ПЛАШАТ од бога и од луѓето не се СРАМАТ.

Но ако се христијани во христијанска смисла на зборот и ако ја прочитале БИБЛИЈАТА јас ги потсетувам на ЛУКА 18:9-14 кај што вели “Секој кој сам се подига ќе се понизи и секој кој сам се понизува ќе се подигне„ како и ЈАКОВ 4:10 и цела 4-та глава а ја подсетувам и владината пропагандна машинерија на целосната 3-та глава по Јаков што се однесува на јазикот и изреченото.Но колај работа со БОГА.Тој е ем голем и тешко се навредувал ем ИСУС вели можеш да се покаеш за стореното а ако ПАК згрешиш можеш повторно да се покаеш и пак и пак и се така до како што вели 7 пати по 77.Што значи до бесвест.Е заради ваквите утопии и човечки претстави и потреби за “СУПЕР ТАТКО„ ја во БОГА вера немам но,од истиот се плашам.

Но ќе им прости ли и ДС Зеко ? Човекот кој што е “те насмеан до уши,те со спуштена веѓа„ (човек со изанализирани изрази на лицето од тие што се плашат од него) кого го развлекуваа по притвори и го прават години и години парам парче по медиуми.Моја претпоставка е дека нивното инсистирање да дојдат нови луѓе во СДСМ,е поради стравот од старите структури во СДСМ кој ги апсеа со или без основ.Или од влакно правеа ОРТОМА поради политичкиот реваншизам.

Но ајде сега да проговориме и за чисто световниот аспект.Инволвираните во прислушкуваните разговори и полтрон аплогетите не чуствуваат ВИНА.
Велат ништо нема незаконски.

Костимираат повторно сопствена ЕТИКА (овој пат и световна) базирана на запазување на ПРОТОКОЛОТ,ПРОЦЕДУРИТЕ и позитивното право во РМ,и ако е тоа исполнето тогаш “се е во ред„.Исто така присутно е едно начело на костимирана ЕТИКА во КРАДЕЊЕТО,па ако не е претерано многу,“тогаш е исто така во ред„.По истата ЕТИКА и МОРАЛИТЕТ се водат и при користењето на државните ресурси при (зло)употребата во партиски цели.Во овој сегмент се особено “интересни„ (по мене безобразни и дрски).Евидетно е дека додека го чинеле тоа воопшто не сметале дека е тоа инкриминирано или бар комплетно НЕ ЕТИЧКО дело.Јас не заприметив емотивна конпонента на чуство на вина и несигурност,ниту при партиските списоци за вработување.Тоа си е нормално и не се забележуваат вибрации во гласот,дека прават нешто не етички,не морално,не ФЕР кон луѓето кој конкурирале,но и незаконски во исто време.

НАЛУДНИЧАВИОТ проект на носење на Македонците од Албанија за да гласаат во центар е манифестација на лекомисленоста и децкиот ум.Овде не само што не чуствуваат грижа на совест,туку и јако самоуверено го остваруваат тоа,па озгора се смеат а јас заприметувам и чуство на уживање неспорен цинизам,ЕКСТАЗА,па дури и ако сакате ЕГЗАЛТАЦИЈА (кај една женска особа) односно,ЕГЗАЛТАЦИСКО парафразирање на настаните,кој се случиле дента.Ова е комплетно УРНИСУВАЊЕ и РАЗНЕБИТУВАЊЕ на начелото (овде поетски изречено) “ЗА НАЈВИШИХ и ЧАСТ је НАЈВЕЧА„ на македонски “За највишите и ЧЕСТА е навиша„

И за крај ја сум член на ВМРО-ДПМНЕ од 93-та.Но 99-та од како ги видов какви луѓе се на власт самиот си побарав исписница.Во периодот од 2006 до 2009 ми се допадна оваа влада и повторно се зачленив,но за жал и повторно се срамам и одчленувам.Се надевам дека во иднина ќе дојде НОВО вистински ПАТРИОТСКО и вистински ИНТЕЛЕКТУАЛНО раководство со целосно завршен процес на ИНДИВИДУАЦИЈА пред се во општо психолошко филозофска (па и Јунгова) смисла на зборот.Неинфантилно раководство ослободено од сите ФРУСТРАЦИИ,кое ги има прележано сите ДЕТСКИ БОЛЕСТИ.

Колумна на Зоран Јованоски