МУНГОСОТ БОБАН НОНКОВИЌ: Еве зошто ВМРОВЦИТЕ треба да ги бојкотираат претседателските избори!

0
1433

Бојкот или смрт

            Република Македонија е заробена, окупирана држава и веќе две години со сопствени ресурси го финансира разградувањето на системот кој како повеќеилјаден сон на генерации Македонци пред нецели 30 години значеше формирање на самостојна и суверена македонска држава во сопственост на македонскиот народ. Со брзина на светлината, а преку специјална разузнавачка операција финансирана и организирана од хегемонот на светската политичка сцена, Македонците добија окупаторска власт, избрана врз основа на тежок изборен фалсификат и инженеринг, но и со поддршка на малцинството, која сега ги троши државните средства и резерви за да го заврши проектот нарачан уште во 1913 година во Букурешт, а наречен „уништување на Македонија и македонскиот народ“.

            Всушност, токму тоа е и врвната цел на проектот „Северна“, кој окупаторската власт во Македонија гордо и жизнерадосно го спроведува, а останатите на политичкиот спектар во државата прават се за македонскиот народ да го убедат дека „едноставно, треба да прифатиме и да живееме со резултатот од Преспанскиот договор“. Тие, политичките партии, поданички кон творецот на проектот и заедно со својата повеќеилјадна партиска клиентела, единствено имаат за цел да се дограбат до буџетските три милијарди евра годишно и над 11 илјади раководни функции во државната администрација што ги добива на располагање секој што ќе се дограби до власта. Преполнувањето на обичните работни места во администрацијата е бонус.

            Но, единствениот клип во овој разработен систем што беспрекорно функционира овие две години, единствено беше пркосот на македонскиот народ на референдумот на 30. септември 2018 година, каде една идеја што произлезе од обичниот Македонец, а не од политичките елити, на крајот значеше триумф на невозможното – проектот „Северна“ не доби народна потврда. Со оглед на тиранскиот метод на владеење на окупаторската власт и неможноста од слободно изразување на волјата, македонскиот народ одлучи преку молк и игнорирање на референдумот (т.н. БОЈКОТ) да го урне сонот за мазно поминување на инжинерингот, па фашизмот мораше да прибегне кон СС-методите на „убедување“ на пратеници и заобиколување на народната волја за да го заврши проектот.

            За време на референдумот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство (истото кое ја предводеше партијата и на изборната кланица наречена локални избори во 2017 година, каде нелегалната власт ги доби на подарок сите општини во Македонија, со цел проектот „Северна“ денеска полесно и побрзо да се заокружи низ целата територија) во игра на множества и подмножества се обидуваше да избегне јавно да застане зад македонскиот народ. Се до четири часа по отварањето на гласањето на референдумот, кога дотогашната излезност од четири проценти покажа дека истиот нема да успее, па раководството на ВМРО-ДПМНЕ смогна сили да ја поддржи волјата на мнозинството граѓани на Република Македонија.

            Во меѓувреме, додека Штази-операцијата за „преубедување“ на пратеници со цел обезбедување на двотретинско мнозинство во македонскиот парламент за да помине проектот „Северна“ се одвиваше на големо, раководството на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не ги попречува окупаторите во брзината и начинот на имплементација на анти-македонскиот вирус во општеството, па отсуствуваше дури и од дебата при усвојувањето на Преспанските амандмани во законодавниот дом. Ваквиот пристап и тоа како се разликуваше од собранискиот филибастеринг на вмровците, што траеше речиси четири месеци, при менувањето на вмровскиот јавен обвинител Марко Зврлевски. Што ќе рече, ВМРО-ДПМНЕ искина кондури за да спречи смена на Зврлевски и го одложи тој процес за четири месеци, ама не го измести ниту за секунда усвојувањето на проектот што за крајна цел има уништување на Македонија и бришење на македонскиот народ од листата на нации!

И така, пет месеци по референдумскиот блесок, доаѓаме до кампања за избор на претседател на државата (со знаменце и без именување на државата, во режија на Државна изборна комисија што ја предводи кадар на ВМРО-ДПМНЕ). Ќе се избира наследник на проф. д-р Ѓорге Иванов, единствениот лост во државната власт што не е под контрола на окупаторите на Македонија и чие отстранвуање и избор на нов поданик на светскито хегемон ќе значи успешен крај на целата операција.

И по пет месеци од референдумскиот ден, каде СС-дивизиите на Зоран Заев успеаја да украдат „само“ околу 150 илјади гласови (за среќа, доцна се сетија, па немаа време за пресврт на народната волја), пет месеци кои не само што не сменија ништо во тиранското владеење на фашистичката СДС, туку добија уште повеќе на сила со дузина исчезнати, убиени, претепани, затворени неистомислеици, силувана и пренатрупана државна администрација со роднини на властодршците… Гулагот наречен затвор Шутка се претвори во Аушвиц за секој што во целост не се согласува со окупаторската и октроирана власт во преименуваната држава на македонскиот народ, ама, види чудо, сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ не само што не е неодредена како и на референдумот, туку не дозволува ниту подмножества на множеството, па на Шпанската инквизиција ќе и се спротивстави Галилеовски за да докаже дека „демократијата, сепак се врти“.

Во време кога и хегемонот ги засилува своите редови со докажани борци на „длабоката држава“ за соросово преуредување на Балканот (ЦИА-шот Филип Рикер, екс-амбасадор на САД во Скопје и човек што од Милано раководеше со проектот „Вистината за Македонија“ на Зоран Заев при уривањето на власта на Никола Груевски, од вчера е нов заменик-помошник државен секретар на САД, задолжен за Балканот), што значи кога се знае дека следува изборна кланица дозволена од меѓународниот фактор, со цел фашизмот во Македонија да ги превземе сите лостови на власта, ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство одлучуваат да одат на изборен натпревар!?

            И не само тоа, туку сега, со идентичен принцип како и фашистичката власт, најголемата опозициска партија, во класичен УДБА-стил е масовно тргната преку денунцирање на оние кои имаат различно мислење дека не треба да се овозможува цензус за лесен инженеринг при изборот на кандидатот на власта за претседател на македонската држава, па преку бојкот, што е единствената демократска алатка што фашистите не можат да ни ја земат да се нанесе нов удар на окупаторот, кој по неуспешните претседателски ЌЕ МОРА да организира нови избори, но овојпат заедно со парламентарни (бидејќи ние, Македонците со бојкот за цело време би им го рушеле процесот), а кои ќе бидат со Пржинска влада и контрола на Штази-полицијата, односно колку-толку демократски изборен натпревар, на крај да се дојде до уривање на режимот!

            Напротив, опозициската партија е сега отвори и тоа како голем фронт против докажаните жртви на окупаторот во овој македонски апартхејд (Македонците!), а кои сакаат да им забијат уште еден клин во мазното сценарио за разнебитување на државата на македонскиот народ, па „Белата палата“ троши повеќе ресурси и енергија против бојкотирачите, наместо против фашистичкиот режим! Ова покажуваа дека сега борбата за слобода на македонскиот народ е против два исклучително тешки противници: борба против фашистичко-окупаторската власт, но и борба против колабориционистичката опозиција (која очигледно освен Силјановска, ќе има и втор кандидат во пуленот на УДБачев, што е уште еден доказ дека е цел исполнување на цензусот, а не победа над власта!). И двете, колку и да изгледа сулудо, во оваа операција на американската „длабока држава“ влегоа заедно и ја истераа до крај, рамо до рамо. Само што едните „гордо“ ја спроведуваа(т) секоја точка за разградување на се што е македонско, а другите прават се што можат за да не им попречат во тоа, бидејќи, нели и нереагирањето е исто така јасно покажан став.

            Приказните дека со неуспешност на претседателските избори, позицијата на Иванов за одреден период би ја превзел нелегалниот челник на Собранието, Таљат Џафери и со тоа „ќе правел се што сака со државата“ е повеќе од смешна, ако се знае дека Џафери и сега, при жив и здрав Ѓорге Иванов, си спроведува какви што сака закони, заобиколувајќи го аминот од функцијата претседател. Како в.д. претседател, токму на собранискиот спикер би му се оневозможиле незаконските гимнастики, бидејќи таквата позиција, по Устав (ако воопшто веќе некој го почитува највисокиот правен акт во државата) му се ограничуваат можностите за период од 40 дена, за кога треба да се организираат нови избори. Значи, со бојкот ќе му ги врземе рацете на нелегалниот Џафери, а се друго, па дури и при невозможното (да дозволи фашистичката власт да се избере претседател од таборот на опозицијата), потоа и на Џафери, но и на двотретинското мнозинство во рацете на Заев ќе му се остави да прави што сака и да уринира врз и онака руинираната позиција претседател на држава.

            Но, н оваа стаљинистичко-фашистичка власт и нејзините грозоморни методи на владеење, опозициската ВМРО-ДПМНЕ одговара со класичен Бериевски потег: го тера членството да се потпишува за кандидатура на соросоид и поранешен министер во Влада на СДС. Но, и тука не застанува понижувањето на партиската клиентела, па вмровците мораат и да се фотографираат кога го ставаат својот потпис за [email protected] и тоа да го објават на социјалните мрежи. Мизерија! Човек да не знае на кој повеќе му недостасува демократски капацитет: на тиранинот Заев или на колаборационистот Мицковски?

            При ваквиот избор меѓу Калигула и Квислинг и нивните армади клиентелисти, на искрениот и чесен Македонец, што безрезервно и без никаков интерес ја сака својата татковина, на секој што е ослободен од клиентелизам, конформизам и опортунизам, идентично како и при односот кон тројното референдумско прашање од 30. септември минатата година, апсолутно не му останува ништо друго освен бојкот! Мнозинството од нас, кои веќе извојувавме една битка против титаните на 30.9.2018 година, кои немаат намера да бидат идни функционери, државни чиновници „за чорбиче за пееФче“, ние кои не целиме кон окупација, па потоа злоупотреба на државниот буџет, не се гледаме себе си како иден директор на Јавно претпријатие или амбасадор, ниту тоа го целиме за некој наш роднина, единствена водилка ни е вековната идеја за слободна, независна и самостојна Македонија!

            Против сегашниот фашистички систем на управување со македонската држава, ни обичниот плебс немаме друга алатка освен бојкотот, со кој не само што ги исмеваме властодршците и нивните колаборационисти, туку и сериозно ги делегитимираме и ги тераме да продолжат во безаконие кое еден ден ќе мора да заврши. „Не се бори против системот. Исмевај го!“ – ќе рече Тревор Ноа, јужно-африкански комичар, дете на мешавина (африканско-германски) родители, кој токму поради својата колоритност, лично ги доживувал ужасите растејќи за време на апартхејдот во Јужна Африка.

Можеби смртта на се што е македонско во моментов изгледа неизбежна, но пасивно прифаќање и прилагодување на мислењето и постапките од средината е недозволиво за народ што во својата ДНК носи наследство од Александар и Филип Македонски, Царт Самуил, Кралот Марко, војводата Карпош… На крајот на краиштата, ако не се спротивставиме на очигледно неизбежното, никогаш нема да дознаеме колку неизбежното навистина било неизбежно!

– Да живееш, значи да се бориш. Робот за слобода, слободниот за совршенство (Јане Сандански)

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Извор: Дудинка.орг