МУДРО РЕШЕНИЕ, КАКО ОВА НА НИКОЈ НЕ МУ ТЕКНА: ЕВЕ КАКО ЗАЕВ ГО УБЕДИЛ АХМЕТИ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД БАРАЊЕТО ЗА ПРЕМИЕР

0
920

ДУИ се откажала од премиерското место, но ќе го добие Министерството за внатрешни работи и можеби технички премиер пред избори, дознава агенцијата ИНА од извор близок до лидерот на СДСМ Зоран Заев. Изворот, меѓутоа, вели дека сѐ уште не може да се каже со целосна сигруност дали СДСМ ќе ја предводи Владата во текот на целиот мандат.

– Она што е познато е дека Зоран Заев како победник на изборите ќе има целосен мандат како премиер. Како компромис, ДУИ се согласи да го води Министерството за внатрешни работи и другите важни министерства, така што ДУИ ќе има поголема моќ во новата влада. Можеби е прифатливо техничкиот премиер 100 дена пред избори да биде од ДУИ. Така ДУИ сепак ќе може да се пофали дека конечно Албанец е премиер, па макар и технички премиер.

Но, сѐ уште не можеме да кажеме дали СДСМ ќе ја предводи Владата во текот на целиот мандат – изјавил изворот за агенцијата.

За утре е најавена нова средба на лидерите на двете партии Зоран Заев и Али Ахмети.Дел од медиумите веќе најавија дека паднал договор за новата влада и дека веќе за среда се закажани седници на  Извршниот и Централниот одбор на СДСМ.