Мувла го јаде Македониумот во Крушево

0
1432

Фотографијата која ја објави СДСМ на својот сајт од положувањето на венци во чест на Илинден во споменикот Македониум односно споменичниот комплекс Илинден во Крушево ја открива негрижата за спомениците во Македонија, пренесе Телма.

krusevo_2-670x419

Додека претседателот на СДСМ Зоран Заев положува цвеќе во внатрешноста на споменикот Македониум на левата страна на фотографијата се гледа огромна мувла под прозорскиот витраж во споменикот. Фотографијата предизвика серија коментари по социјалните мрежи дека актуелната власт освен за новите споменици од Скопје 2014-та не се грижи за останатото културно наследство меѓу кои и Македониумот.

Извор: Телма