МПЦ-ОА ќе формира солидарен фонд за помош на поплавените подрачја

0
950

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) ќе формира солидарен фонд, во кој со свои финансии ќе учествува клирот на Црквата, храмовите, манастирите и епархиските центри.

Собраните средства ќе бидат поделени на погодените во поплавите.

Црковната кујна при храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров ќе подготвува оброци за настраданите, кои ќе бидат дистрибуирани во текот на денот.

Од МПЦ ги повикуваат граѓаните и компаниите, согласно можностите, да донираат продукти за готвење во црковната кујна при храмот „Свети апостоли Петар и Павле“.

МПЦ информира дека ја разгледале состојбата во поплавените делови на Град Скопје и низ Република Македонија, како и извештајот од нивните досегашни активности на терен преку дистрибуција на храна, хигиенски средства, облека и друг вид помош.

Состојбата бара уште многу вложување на труд, сили и финансиски средства, особено во втората фаза од справувањето со последиците од невремето, велат од МПЦ.