Моќни методи за прочистување на белите дробови

0
7119

Чистењето на белите дробови овозможува да го ослободите овој важен орган од катранот и токсините, да го намалите ризикот од појава на инфекции и рак, да го зголемите капацитетот и да го подобрите општото здравје на респираторниот систем.

Чистење на белите дробови особено им се препорачува на активните и пасивните пушачи и луѓето кои живеат во подрачја со загаден воздух. Постојат неколку основни методи со чија помош можете да ги исчистите белите дробови…

Инхалација со етерични масла

Редовно (2-3 пати седмично) правете инхалација со етерични масла: еукалиптус, пеперминт, рузмарин или мајчина душичка. Тоа ќе ви помогне брзо да ги исчистите белите дробови од токсини и вишок слуз. За таква инхалација не е потребно да купувате специјализиран уред.

Едноставно загрејте вода во тенџере и во неа додадете неколку капки природно етерично масло. Вдишувајте од топлата пареа која веднаш ќе делува пријатно и релаксирачки, па ќе ги олесни проблемите со дишењето.

Може да се користи и при грип, настинка, бронхитис, ларингитис и други респираторни тегоби.

Корекција во исхраната

Како и секое друго чистење на организмот, така и чистењето на белите дробови вклучува корекција во исхраната. Здравата исхрана е многу важна бидејќи ги придвижува природните механизми за чистење на телото и јакнење на имунитетот. Во текот на чистењето се препорачува зголемен внес на течности (вода, овошје и зеленчук). Некои намирници се од особено значење за здравјето на белите дробови:

Чили: лутата храна како што е чилито помага во разградување на вишокот слуз во белите дробови и општо во организмот. Токму затоа, кога јадете лута храна, може да ви протече носот. На истиот начин лутата храна делува и врз вишокот слуз и катран во белите дробови и помага во нивна полесна елиминација.

Вода: Да, обичната вода е најдоброто средство за чистење на организмот! Обидете се да не внесувате газирани пијалаци, кафе или алкохол. Дајте и предност на обичната чиста вода. Добрата хидратација е клучна за здравјето, бидејќи го забрзува процесот за чистење на организмот од токсини.

Кромид: Оваа универзална билка е богата со многу важни нутриенти. Спречува појава на многу болести, вкучувајќи и рак и инфекции на белите дробови, помага во разградувањето на слузта и исфрлањето на токсините од организмот.

Билки кои помагаат во отстранување на катранот, токсините и вишокот слуз

Поточарка (Nasturtium officinale)

Многумина алтернативци сметаат дека поточарката е неизбежна во процесот на чистење на белите дробови. Од поточарката се прават едноставни и вкусни јадења, кои ефикасно ги чистат белите дробови од токсини.

Оваа супа се препорачува да се јаде двапати месечно, посебно за активните и пасивните пушачи.

Потребни состојки:

1 кг поточарка (цветови и стебленца)

2 чаши урми

4 чаши вода

Постапка:

Сите состојки ставете ги во тенџере на тивок оган. Кога ќе зоврие, намалете го огнот и варете минимум 4 часа. Ако на површината од супата се појави пена, слободно отстранете ја со лажица. Кога супата ќе биде готова, зачинете по вкус.

Оваа супа можете да ја сервирате со ориз и други јадења.

Напомена: Многу е важно да употребувате точни пропорции од намирниците и супата да ја готвите најмалку четири часа.

Ѓумбир

Ѓумбирот е моќно средство за детоксикација на белите дробови. Можете да го користите на повеќе начини. Чајот од ѓумбир со лимон – го олеснува дишењето и ја забрзува елиминацијата на токсините од дишните патишта. Можете да направите и топла бања со ѓумбир во прав, во времетраење од 20 минути. При тоа, ќе го поттикнете потењето а порите ќе се отворат, со што полесно ќе се елиминираат токсините, а пареата која ќе ја вдишувате ќе го олесни дишењето.

Со секој оброк изедете по едно мало парче свеж ѓумбир. Тоа ќе ја подобри вашата дигестија и ќе допринесе во чистењето на организмот.

Лопен или Дивизма (Verbascum phlomoides)

Чајот од Лопен го олеснува дишењето кај лица кај кои белите дробови се запушени од катран и токсини, што е вообичаено за пушачите. Бидете внимателни- добро процедете го чајот, зошто и најмалите влакненца од билката можат да предизвикаат иритација ако се проголтаат.

Ува и Подбел (Tussilago farfara)

По престанокот на пушењето многу е важно да се исчистат белите дробови од сите токсини кои носат потенцијален ризик од рак. Подбелот и увата се многу популарни меѓу пушачите, бидејќи овозможуваат таков вид на детоксикација. И не само тоа- овие билки го јакнат и го негуваат целиот респираторен систем.

Останати билки:

Горчица (Marrubium vulgare), коприва, корен од лотус, пискавица (fenugreek), евкалиптус,goldenseal и пеперминт се исто така корисни за детоксикација на белите дробови.

Што треба да се одбегнува при чистење на белите дробови?

Одбегнувајте преработени намирници, посебно бело брашно и шеќер, млеко млечни производи кои го поттикнуваат создавањето на слузта во организмот. Ослободете се од стресот, оставете ги цигарите и не престојувајте во зачадени простории.