МОСТ: Едно гласачко место во Студеничани не е отворено на време, лицето кое го имало клучот не сакало да ја отвори просторијата

0
895

Граѓанската асоцијација МОСТ на првата пресконференција која се одржа утринава соопшти дека сите избирачки места каде имаат распоредено свои набљудувачи се навремено отворени.

Единствено гласачкото место 2344 во општина Студеничани не е отворено во 7 часот бидејќи лицето кое го имало клучот не сакало да ја отвори просторијата каде требало да се гласа.

Повикуваат на фер и демократски избори и апелираат до граѓаните да пријават секакви неправилности.