МОНСТРУОЗЕН ПОТЕГ – Села и Гаши ја условуваат финансиската помош на граѓаните со законот за државјанство

0
822

Коaлицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесе над 19 илјади амандмани за десет предлог-закони кои се најдоа на дневен ред на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, меѓу кои беше и предлог-законот за финансиска помош на 23 илјади граѓани.

Станува збор за лица кои претходната година поради кусите рокови не успеаја да си ги подигнат парите кои беа доделени како помош од државата, но сепак партиите на Зијадин Села и Африм Гаши посочија дека приоритет им е законот за државјанство.

-Денешната седница на Комисијата имаше десет предлог-закони. За сите доставивме амандмани, некаде над 19.500 амандмани. Целта е да го спречиме сегрегацискиот третман на граѓаните – рече Елми Азири, пратеник од АА.

Инаку, предлог-законот за финансиска поддршка беше доставен во Собранието уште на 14 јануари, а дури сега стигна во Комисијата за финансирање и буџет. На листата на оние кои треба да добијат по 6.000 денари се самохрани родители, пензионири со ниски пензии, деца без родители и уметници.