Монструмите на Грујо, Јанкулоска и Котевски, знаат дека Нешковски е убиен и го нарекуваат наркоман, а новинарите кои прашуваат за настанот ги нарекуваат идиоти!

0
1068

За еден месец навршуваат 4 години откако Мартин Нешковски беше убиен, додека ВМРО-ДПМНЕ славеше на плоштадот. Зошто МВР со денови молчеше и го прикриваше убиството, зошто никој не презеде командна и друга одговорност, рече лидерот на СДСМ и објави 4 разговори помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски, како и меѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер.

Kotevski-Jankulovska

1.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ГЈ: Да.
ИК: Ало?
ГЈ: Кажи Иво.
ИК: Е, ништо бе за оваа што праша, таа талентот. Тоа уште од синоќа некој им го имаше пуштено муабетот, ама нема врска.
ГЈ: Е па добро де, јас затоа и реков да пријави.
ИК: Да де да. Не, тоа ми е…сега знам дека е отпосле, ама јас затоа не го ни спомнав. Уште од синоќа ми се јавуваат некои новинари, го пуштиле муабетот дека Алфите убиле дете, а нема врска, тој си е починат…
ГЈ: А која беше таа?
ИК: Не ја знам, прв пат ја гледам. А тој си е починат уствари од…сега природна, сега не знам дали е смрт со дрога, ама нема траги на насилство. Телото е дадено на обдукција, го нашле на Баскер фест мртов.
ГЈ: А каде се случило тоа?
ИК: На плоштад.
ГЈ: Добро де, јас затоа и реков нека дојде, нека даде изјава.
ИК: Така де така. Не, не, океј си беше одговорот, мислам, дефинитивно, само што, идиот. Мислам кој знае кој ги пушта муабетите…
ГЈ: Да де да.
ИК: Ама толку, не им проаѓа ништо. Мислам дека денеска…
ГЈ: Не, не, денес е. Денес е победнички.
ИК: Имаше и кога се симињав, заборавив да споманам, првична изјава од Европска комисија дека изборите покажале демократска зрелост, дрн-др-др-мн-др-др, ама нејќеле да коментират се додека ОБСЕ не…
ГЈ: Морам да прекинам Иво.
ИК: Ајде.
ГЈ: Ајде, чао.

2.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Да. Ало?
МП: Горде,
ГЈ: Кажи?
МП: Може ли да ми кажеш или некако да одговориме за ова што…некое дете вчера што било убиено…
ГЈ: Одговоривме ние.
МП: Што?
ГЈ: Дека прво нема такво нешто, второ нема од обдукцијата знаци за насилство и воопшто не е ни пријавен како настан тој. Значи одговоривме, Иво имаше изјава денес за тоа и плус и јас имав изјава.
МП: Мхм, мхм.
ГЈ: Така да некој ако прави, има од нас став.
МП: Прават ова на Твитер, на Фејсбук на…Океј, океј. Повикуваат на протести…
ГЈ: Ама имавме изјава. Некои на пример од нашиве, Сител или Канал 5 ќе ја пушти на Иво изјавата.
МП: Океј, ајде. Готово.
ГЈ: Тој наркоман бил изгледа.
МП: Ааа, наркоман. Добро. Чао, чао.
ГЈ: Ајде.

3.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ГЈ: Ало.
ИК: Ало.
ГЈ: Кажи бе Иво.
ИК: А бе мене стварно не ми е да досаѓам. Не е ни за мрза, него го слушам сега Ивица, ептен не ми е за демант. Мислам се…Единствена молба, аман немојте да шекулирате додека не расчистиме, а тоа е многу лигаво…
ГЈ: Е добро де, тоа е океј.
ИК: Многу лигава варијанта. Многу е лигава варијанта, јас тоа да сум не би го пренел, мислам…Не можеш ти, расчисти го, па нема да шекулирам. А не да ме молиш.
ГЈ: Не, ама не е така. Значи они не шпекулираат, они обвиниуваат. Еве сега на Алсат слушам.
ИК: Ама…Не, не, ги гледав и јас. Не не обвинуваат, копиљаци обвинуваат. Ама ние…де факто ги слушав како скандираат. Тоа е…Го пуштија А1 моето тонско парче, реално не знаеме и не можеш да демантираш…Ивица ми вика и многу е веројатно и можно е да излегле наши, да е. Скраја да е.
ГЈ: Ама…добро бе. Ние ќе го расчистиме.
ИК: Знам, ама многу е…
ГЈ: Не можеш да не го расчистиш, така?
ИК: Не, не, мора да го расчистиме. Затоа викам, единствено треба лигаво да ги молиме: аман те, не шпекулирајте. Што ништо не мења во ситуација, не го демантираш. Ти не му викаш не се Алфи. Него: ај те молам, не објавувај дека се Алфи. А тоа е премногу лигаво…по мене.
ГЈ: Не. Не е. Сега испаѓа ние цело време си ќутиме…
ИК: Не, не, ама реално сме „уза ѕид“. Значи немаме ништо, ама баш ич ништо. Ене ги нашиве ги собираат, и овие копиљациве што протестираат не знаат зошто протестираат. Никој не го познава дечково. Ние имаме 4 имиња, ги проверуваме тие, кој знае дали ќе излезе некој од тие четворица. Чудно е, да немаш ни татко, мајка, брат, сестра, роднина.
ГЈ: А па ете, тој копиљот рече Даниел од Ѓорче дека е.
ИК: Ма рече. Еве нашиве извадиле четворица Даниел, со не знам ралични, четири презимиња од Ѓорче. До сега го немаме дека е тој и тој Даниел. Значи…
ГЈ: Е па добро де. Треба да го соберат тој очевидецот.
ИК: Ама ги имаат собрано. Сега двајца од групата ги собрале и викаат, не зна-ат! Мислам многу е чуден настанот. Ти…ја…мене тоа не ми е јасно. Што…Ја не викам…Нашиве нели знаат да се ајдуци, знаат да направат беља, ќурутлија, да прикриваат и така натаму. Еве сега Ивица ми вика, и од ова што го читал од обдукција, вика се повеќе сум убеден дека навистина се случило. Дека некој му има дадено „пуна“ и го зденал асално. Ама како може да немаш буквално никој 24 саата, макар да го пријави како исчезнат, дури и да не разбрал дека е убиен.

4.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Ало.
МП: Еее.
ГЈ: Ало.
МП: Кажи Горде.
ГЈ: Е па ти пишав за тоа што те барав.
МП: Не сум добил порака. Што?
ГЈ: Ти пишав за ова што зборевме преѓе. Треба малку Нетпрес, ако ти врви муабетот да збориш со нив. Пошто фактички они се…
МП: Да бе да, треба. Ние требаше…наше да биде.
ГЈ: Е па затоа. Они и Геро највише да буткаат темава. Не знам што е работава.
МП: Добро, добро. Одма ќе јавам.
ГЈ: Они можда мислат дека сега им е мајката, истражувачко новинарство да промовираат, ама не мора баш на овој случај.
МП: Да, да, да.
ГЈ: Така да…
МП: Види, знаеш што е проблемот? И Урко му кажал различни работи на човекот, од ова ти што ми го имаш кажано.
ГЈ: А од кај знае он?
МП: не знам. Дека 3 пути го фаќала полиција детево, дека им бегал, таман лисици да му стаеле он бегал…
ГЈ: Види, значи он не можел да знае…
МП: Му рекле од Тигрите дека бил.
ГЈ: Не може да знае. Он нема пристап до информациите до кои јас имам пристап. Мислам…он треба или да бил очевидец да го каже тоа…
МП: Па тоа ми е сумљиво…Сумљиво ми е…Све ми е сумљиво.
ГЈ: Ти кажав јас. Нашиве…
МП: Да не…
ГЈ: Нај…
МП: Да не е некој од таа екипа?
ГЈ: Па од таа е сигурно. Значи ако не е полицаец, што е многу малку веројатно да е полицец, значи 1% е да е полицаец, ама и тоа не го исклучувам, е од нивните.
МП: Мхм.
ГЈ: Пошто и по описот, у тесна бела маичка со тетоважа на рака, крупен, набилдан.
МП: Аха, аха.
ГЈ: Ха, ха. А? На што ти личи тебе?
МП: Да бе да….
ГЈ: Ќе видиме. Сега убедивме две девојчиња да дојдат у станица…
МП: Добро Гоцо.
ГЈ: Па ќе видиме што ќе кажат они. Ајде
МП: Важи. Чао.
ГЈ: Ајде, ајде чао.