Многу е гадно и нечовечки да наредиш да се пушти празно возило од брза помош два пати да поминува низ блокадите!

0
1493

Многу е гадно и нечовечки да наредиш да се пушти празно возило од брза помош два пати да поминува низ блокадите со цел потоа да направиш приказна дека наводно тие што блокирале не го пуштиле да помине, а во исто време навистина да има луѓе некаде низ градот што им треба брза помош, ама ќе мора да чекаат и по 20 минути затоа што некој решил да си игра со нивната судбина.

И од личен пример, а знам и од многумина дека биле во ситуација кога чекале брза помош, а им било одоговоарно со – Немаме возила, мора да почекате, сите ни се на терен! – за потоа да чекаш уште 20-30 минути за да дојде на местото.

Наместо тие возила да се користат за вистински да им се помогне на луѓето, они земале пуштаат празни возила за итна помош да кружат и поминуваат низ блокадите. А бе душата каде ќе ви оди?!?

Е драги мои, со вакви луѓе и ваков забеган систем се бориме, со луѓе што ја злоупотребуаат можност навистина да помогнат само за да ја оправдаат и спроведат лудата наредбата од горе. Тие се оној вистински кансер на нашето општество, сурови, безчуствителни послушници, спремни да ризикуваат туѓ живот за само да извршат партиски наредби. Луди, тотално луди!

Секое амбулантно возило, при било која блокадата секогаш треба да биде и ќе биде пуштено. Тоа не е спорно. Спорно е злоупотребата на службени возила за партиски наредби.

И сега сите режимски портали и медиуми ќе известа за ова, како наводно не ги пуштиле да поминат. Нека известат, но да ги прашам – Кај беа истите тие портали кога пред неколку месеци им беа расипаните рампите за влез на клинички па амбулантни возила со итни случаеви не можеа да влезат, каде се направи огромен застој, роднините на пациентите одеа од кола до кола со плачење и очај да се поместат за да си ги спасат блиските, со пиштење и паника! Тогаш ниеден од овие портали не извести и не сподели ништо? Ние веќе добро знаеме со какви методи се служат. Они сакаат ти да се осеќаш виновен ако ги обвиниш. Познат метод е, 10 години го учиме, ама веќе не поминува!!!

Фејсбук статус на Влатко Васиљ