Млади вмровци делеле флаери и тетратки пред штипската гимназија

0
1201

Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ на првиот ден од оваа учебна година пред штипската гимназија на средношколците им делеле флаери од политички карактер заедно со тетратки, објави профилот на Фејсбук Штипска критика.

На профилот се наведува дека ова е спротивно на поставениот кодекс за однесување каде што јасно е наведено дека е забрането секакво политичко дејствување во училиштата.

,,Минатата година барањата на средншколците и покрај масовните протести и бојоти на наставата на територијата на цела држава беа крајно игнорирани , а министерот за образование и наука едвај најде време да ги прими на средба  средношколците кои дваесет дена кампуваа пред Министерството во непогодни временски услови… Зарем мислете сега дека со една тетратка ќе може да ги манипулира средношколците, односно идните академски граѓани?”, се наведува во постот на Штипска критика.