МЛАДИОТ САШКО МИТОВСКИ БЕШЕ ДОМАЌИН НА УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ ОД СЛОВАЧКА, ТУРЦИЈА, ПОЛСКА, ХРВАТСКА И МАКЕДОНИЈА ОД ООУ ,,ЈОАКИМ КРЧОВСКИ” ОД ПРОЕКТОТ ,,НОВИ НАЧИНИ НА УЧЕЊЕ” ФИНАНСИРАН ОД ЕРАЗМУС СПОРЕД ЕУ ПРОГРАМА

0
549

🤝Денес на мое големо задоволство, бев домаќин на учениците и наставниците од 🇸🇰Словачка,🇹🇷 Турција, 🇵🇱Полска,🇭🇷 Хрватска и 🇲🇰РС Македонија ООУ„ Јоаким Крчовски”, од нашиот град партнери во заедничкиот проект „Нови начини на учење” финансиран од Еразмус плус програмата на ЕУ.

🇪🇺🇲🇰Носител на проектот е основното општинско училиште„Јоаким Крчовски” од Крива Паланка, а координатор е професорката по англиски јазик, Елена Митевска-Давидовска.

✅ На гостите им посакав добра работа, им ги презентиравме одликите и посебностите на општината, со акцент на природното и културно богатство.
📌Вложувањето во младите и нивниот развој е клучен фактор за развој на општеството.

✅ Честитки до раководството на училиштето и професорите и ментори кои со ваквите проекти придонесуваат за развој на нови вештини кај младите.

🗓️ 2022 е прогласена за година на младите од страна на Европската комисија и ние сите сме должни да вложуваме во нивно подобро утре.Младите се нашата иднина.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.