МИЈАЛКОВ СТАНА НОВ ЖИТЕЛ НА ОХРИД, ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА ,,ИМПЕРИЈА” ЌЕ ЈА ИЗДРЖУВА ВО СТРУГА

0
507

И поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков ја променил адресата на живеење во Охрид, а за случајот „Империја“, тригодишната затворска казна ќе ја издржува во затворот во Струга.

„По добиеното известување од МВР на ден 19.07.2022 година, предметот со комплет списите на истиот ќе биде одстапен на надлежност на Основен суд Охрид, како месно надлежен суд за постапување по конкретниот предмет.“- Основен кривичен суд Скопје“, тврдат од Кривичниот суд за медиумите.

Мијалков покрај затворската казна прифати и конфискација тешка речиси 36 милиони евра.

Претходно, на 1 јули во затворот во Струга влезе и осудениот бизнисмен Орце Камчев, каде сам се пријавил за да ја издржува затворската казна од една година, откако се спогоди со Обвинителство. Тој плати и околу 5 милиони евра затаен данок.