МИЈАЛКОВ И ГРУЕВСКИ ПРЕКУ ПАРТИЗИРАНОТО СУДСТВО ГО МИНИРАА ДОГОВОРОТ ОД ,,ПРЖИНО”, ДОГОВОРОТ Е МРТОВ, ЗАЕВ ДА НЕ ГО ЧЕКА ПОСЕБНИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ И ДА ПОВИКА ИТНА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА И ДА СЕ НАПУШТИ СОБРАНИЕТО

0
1016

Денешната постапка на Груевски каде го искористи судството и сваровски судијките под директива на Мијалков го минира договорот од ,,Пржино”. Со денешното експресно решение се покажа конструкцијата во судството креирана на Мијалков и Груевски кој со еден телефонски повик го минираа постигнатиот договор во ,,Пржино” кој беше под посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан и американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд.

rubin-kolumni

Веке подолго време постоеше опасност за државата токму од минирање на постигнатиот договор каде се потписници 4-те највлијателни политички субјекти од власта и опозицијата, јасно е и зошто Груевски е мирен и сталожен цело лето додека опозицијата протестираше пред владата со поставени шатори и кампови. Ова што денес се случи и официјално го претвора договорот од ,,Пржино” во нов палома договор. Со овој потег на Груевски сега е се поверојатно што ќе следува, наредно што ќе биде е минирање и на посебниот јавен обвинител од страна на влата, сценариото е да се минираат сите можни точки за ВМРО-ДПМНЕ од постигнатиот договор а со оваа постапка братучедите Груевски и Мијалков во практиката токму тоа го покажуваат.

Значи Груевски реагирал индиректно преку неговиот адвокат до пушинела судството и со еден потег го минира договорот од ,,Пржино” , па секако, не е луд да ја изгуби таа моќ, зошто не би го минирал, народот спие и не реагира, протести нема, уки буки нема, опозицијата во парламентот, наскоро нови ,,Мајбах” очила, нови мерцедеси, плацеви, згради мади и слично.

Сега е веќе се по очигледно дека се ова ќе заврши со револуција, наскоро Македонија по најверојатно неуспешно постигнатиот договор миниран од Груевски кој што и доколку се постигне начин да се реализира точката за јавниот обвинител Груевски ќе го минира тоа или ќе го потчини со нови стотина штетни закони и ќе се повикува на нив повторно игнорирајќи го договорот од ,,Пржино”, па од тука нај идеално е опозицијата на чело со СДСМ и Заев да се вратат кај народот од собранието, и уредно да ги депонираат пратеничките мандати во првата канта за отпадоци.

Пишува : Рубин Иваноски , главен и одговорен уредник на порталот Народен Глас