МИЦОТАКИС И МИЦКО КАКО ДА СЕ ВО МЕЃУСЕБНА КООРДИНАЦИЈА, КОЈ ЌЕ ДАДЕ НАЈНАЦИОНАЛИСТИЧКА ИЗЈАВА : МИЦОТАКИС НЕ ГО ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ!!!

0
1138

Договорот е лош  и е спротивен  на ставот на мнозинството Грци, изјава вечерва лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.

„За суштината на договорот и врз основа на она што засега го знаеме и го слушнавме од господинот Ципрас, имам да го кажам само следното: Прифаќање на македонски јазик и македонска националност се неприфатлива национална отстапка“ рече Мицотакис .

Тој го повика Ципрас да не го потпише договорот.

„ Сакам да сум јасен. Господинот Ципрас нема никаков политички легитимитет да ја обврзе земјата, потпишувајќи договор кој нема поддршка од самата негова влада. Ова досега се нема случено во грчката политика и во уставната историја и претставува навреда на парламентарниот систем. Веднаш ќе го известам претседателот на државата, рече Мицотакис пренесе МИА.

Лидерот на Нова демократија утре ќе се сретне со претседателот на државата Прокопис Павлопулос.

Извор : НоваТВ