МИЦКОСКИ : ОЧЕКУВАМ ОСУДА ОД ОФИЦИЈАЛНА СОФИЈА И ОД ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО НА ЕВРОПРАТЕНИКОТ, А ЈАС КАКО ЧОВЕК СЕКОГАШ ЌЕ ГИ ПОДДРЖУВАМ МАКЕДОНЦИТЕ КАДЕ И ДА СЕ НАОЃААТ ВО СВЕТОТ

0
300

„Ние како политичка партија и јас како човек ги поддржувам Македонците каде и да се наоѓаат во светот. И мора да се бориме за нашите браќа Македонци, затоа што не не има многу. Не има за жал се помалку“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во изјава за вестите на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека ги поддржува Македонците каде и да се наоѓаат во светот.

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија никогаш не смее да има дилема во поддршката за македонскиот народ и Македонците без разлика дали се тука во Бугарија или било каде во светот“, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас мислам дека ова треба да биде еден вид начин како да се поврзуваат народите, како различностите да се поврзуваат. Денеска ова што го видовме овдека во Благоевград од поединци навистина не личи на луѓе кои што се политичари, и кои што доаѓаат да речеме од највисокото европско тело, а тоа е ЕП. Имавте прилика да видите како еден европратеник се однесува, дури и не можам да го коментирам, не знам дали воопшто заслужува тој човек било каков коментар и очекувам осуда од официјална Софија за неговото однесување. И очекувам исто така осуда од страна на европските институции за неговото однесување, бидејќи ако вака се однесува еден европратеник и тоа остане неискритикувано тогаш навистина не знам што повеќе да додадам“, појасни Мицкоски.