МИЦКОСКИ ДА ЈА НАДРАСНЕ СУЕТАТА ИНАКУ ЌЕ ДОЖИВЕЕ ФИЈАСКО НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ПОРАКА ОД ИНИЦИЈАТОРИТЕ ЗА ВОНРЕДЕН КОНГРЕС

0
1048

ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните избори оди со разиедниетото членство од голем број функционери кои беа на високи позиции, но беа отстранети или сами си заминаа од партијата. Најголем дел од нив посочуваат дека ова може да биде и камен на сопнување за лош изборен резултат, расцепкување на гласовите или пак поради незадоволство голем дел од членството да не излезе на гласање, а партијата да го доживее „фијаското“ од минатите локални избори. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжи да се движи по истата траса, ќе биде многу тешко партијата да издејствува победа, изјавија дел од нив за „А1он“.

Иницијаторите за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ се уште се на ставот дека Христијан Мицкоски треба да ја напушти функцијата, но во моментов нема да делуваат во таа насока. Како што велат, нивните активности се ставени во мирување.

Ивица Конески еден од иницијаторите на оваа идеја, вели дека ги следат сите чекори кои ги превзема ова раковоство и додава дека во пресрет на локалните избори не очекува никаква промена доколку истите луѓе ја водат партијата. Како што вели тој се уште немаат став дали ќе поддржат одреден кандидат што ќе го извади ВМРО-ДПМНЕ, а нивното делување ќе зависи токму од кадрите што ќе бидат ставени на листите.

„Јас сум ВМРО-ДПМНЕ и никогаш идеолошки не сум се откажал од тоа. Мојата кандидатура ќе ја поднесам, а нивно е дали ќе ми дадат поддршка. Во мојата општина имам одличен рејтинг и самите граѓани ми кажаа дека ќе ми се налутат доколку не се борам за втор мандат. Не сакам да ги изневерам ниту луѓето кои ме поддржуваат, ниту пак моите сопартијци. ВМРО-ДПМНЕ губи ако им го врти грбот на луѓето кои уживаат доверба кај гласачите и редно е оваа раководство да го разбере тоа. Никогаш не сум се откажал од ВМРО-ДПМНЕ и нема да го направам тоа, но кога треба да се критикува повторно ќе го правам тоа и јасно ќе го изнесам својот став“, вели Јанчев за „А1он“

Целиот текст на А1он ОВДЕ