Во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. Законот важи за сите – без разлика дали се работи за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен.
Силата на државата не се мери со привилегиите на поединците, туку со тоа дали правдата стигнува до сите – и до најмоќните, и до најмаргинализираните. Ние денес испраќаме силна порака: нема компромис со криминалот – порача премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај. Тој порача дека граѓаните не смеат да заборават како изгледало секојдневието пред неколку години.