МИЦКОСКИ ВО ИЗЈАВА ЗА ПОРТАЛОТ ДОКАЗМ: СОПАРТИЈЦИТЕ ВМЕШАНИ ВО АФЕРАТА ЗА ПЛАЦЕВИТЕ ВО ДЕЛЧЕВО ДА ОДГОВАРААТ АКО СЕ ОГРЕШИЛЕ, НЕМА ДА ГИ ШТИТАМ

0
2454

Во кулоарите на власта се пуштаат гласини дека не смеете посериозно да се зафатите со туркање на оваа власт поради наводниот путер на главите на поединци во партијата ВМРО ДПМНЕ посебно од таканареченото источњачко крило или познати како народњаци дека кривичните се спремни да се пуштат за тн гиевци и останатите кои наводно се омрсиле од бизниси со ЕВН?

АКО СЕ ВИНОВНИ НА СИТЕ НЕКА ИМ ПОДНЕСАТ КРИВИЧНИ И ДА ПОЧНАТ СО СУДЕЊЕ НЕМАМ ОБЛИГАЦИИ КОН НИКОГО ЈАС ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ НЕ СУМ БИЛ ОД НИТУ ЕДНА ШЕМА НЕ ДОЛЖАМ КОН НИКОГО НИКОМУ НЕ СУМ МУ ВЕТИЛ ЗАШТИТА И ПАРТИЈАТА НЕМА ДА ЈА СТАВАМ ВО ЗАЛОГ ЗА НЕЧИИ БИЗНИС ИЛИ ЛУКРАТИВНИ ИНТЕРЕСИ, СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ ЌЕ ГИ ДОЗНАЕТЕ НОРМАЛНО КРУНИСАНИ СО ГОЛЕМ НАЈГОЛЕМ ПРОТЕСТЕН МИТИНГ ПРЕДВОДЕН ОД ВМРО ДПМНЕ КАДЕ ЈАСНО КЕ И СЕ ДАДЕ ЦРВЕН КАРТОН НА ВЛАСТА.

Финансиската полиција почна со вештачење на запленетите телефони и компјутери во случајот со ЕВН Електрани откако обвинителството денеска издаде наредби за обезбедување докази, дознава ТВ 24.

Податоците добиени од вештачењето ќе треба да откријат дали и на кој начин вработени во ЕВН Електрани и ЕВН Македонија а поранешни функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ купувале земјишта по багателна цена а потоа ги продале за 1,5 милиони евра токму на ЕВН Електрани.

„Случајот е во фаза на предистрага и за сега имаме само основи на сомнение дека вработени во ЕВН Електрани и ЕВН Македонија учествувале во сомнителни трансакции при купопродажба на земјиште во Делчево. Истражуваме и тоа дали парите од продажбата можеби завршиле на сметката на една политичка партија.“ – велат од Финансиска полиција.

Од полицијата ги потврдија информациите на ТВ 24 освен во домовите на вработените влегле и во ЕВН. А од таму велат дека до расчистување на случајот не можат да споделат никакви информации со јавноста.

„ЕВН Македонија ги приложи сите доказни материјали кои се потребни за расчистување на случајот. Во овој случај ЕВН Електрани е сведок во постапката.“ – велат од ЕВН Македонија.

Од скопското јавно обвинителство пак велат дека во оваа фаза на предистрага единствено се вклучени во делот на издавање на нареди за вештачење на доказите.

„До овој момент, до обвинителството не се доставени записници или известувања за извршените претреси па оттука обвинителството не може да споделува детали за преземените дејствија во оваа фаза од постапката.“ – велат од ОЈО.

случајот излезе во јавност отако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески во четвртокот, кога требаше да се гласа недоверба на Владата, објави дека Финансиската полиција упаднала во неговиот дом и вршела претрес. Откако полицијата демантираше пратеникот дообјасни дека претресот е вршен во домот на неговиот татко кој е вработен како раководител на група за градежни работи во Одделот за набавки во ЕВН Македонија.

Освен за него предистражна постапка се води за уште шестмина други луѓе.

Меѓу нив, според и двајцата управители на ЕВН Електрани, Мирослав Митровски и Игор Гиевски за кои постојат основи на сомнение дека менаџери дале дозвола за купување на парцелите во делчевски за повеќе од 1,5 милион евра. За предигстрагата клчно е прашањето каде води патот на парите. Од сдсм веќе обвинија дека сумите зварпиле во партиската каса на Вмро дпмне .

инаку, Со предистрагата се опфатени и поранешен советник во општина Делчево од оваа партија како и доскорешен член на обезбедувањето на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Игор Гиевски е поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен советник во Град Скопје од редовите на оваа партија.

Финансиската полиција се сомнева дека неколку делчевчани се согласиле да продара земјиште на дел од лицата опафатени со предистрагата ои потоа земјиштето го проваат за 1,5 милион евра на евн електрански со согласност на управителите.