МИЦКОВСКИ, ГАШИ, АПАСИЕВ И ХОЏА ДОГОВОРИЈА НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО

0
1086

Имаме ново парламентарно мнозинство, предмалку објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, споделувајќи фотографија со челниците на ААА, Левица и БЕСА.

„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Ваквиот епилог доаѓа откако БЕСА одлучи да ја напушти власта после одлуката на Државната изборна комисија да има прегласување во Желино по приговори поднесени од ДУИ.