Митрески од Охрид: Просечната плата ја качуваме на 36.000 денари, со победнички концепт поддржан од граѓаните одиме на победа на 12 април!

0
767
Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески вечерва присуствуваше на средба со граѓаните во Охрид каде порача дека граѓаните секојдневно се придружуваат семејството на СДСМ и го поддржуваат концептот којшто се грижи за граѓаните, концепт којшто победува
– На 12 април добиваме чист мандат по што продолжуваме со промените! Просечната плата ќе достигне 36.000 денари, а невработеноста во новиот мандат ќе падне на 8%, порача Митрески.
Митрески кажа дека владата предводена0ид СДСМ, успеа за 2 и пол години да отвори 60.000 нови работни места, а во следните 4 години ќе се обезбедат нови 100.000.
– Денес сме 30 земја членка на НАТО и ќе отвориме преговори со ЕУ. Одиме по прав пат и затоа на 12-ти април убедливо ќе победиме, рече Митрески на средбата во Охрид на која присуствуваше и пратеничката Жаклина Лазаревска.