Митревски од Ростуше : Ја спречивме изградбата на панорамското тркало ја зголемивме минималната плата и отворивме 60.000 работни места.

0
647
ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам во големи наводници, а ние зборуваме со бројки и факти од кои нема бегање и кои лесно можат да се проверат, истакна носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ Јован Митрески на граѓанската трибина во Маврово/Ростуше.
Факт е дека минималната плата беше 9.000 денари, сега е 14.500. ВМРО-ДПМНЕ велат и тие ќе ја зголемеле минималната плата на 60% од просечната, а тоа е 13.000 денари. Како ќе ја зголемат минималната плата на 13.000, кога сега е 14.500, рече Митрески.
Тој додаде дека факт е дека го решивме прашањето на 12.000 стечајци, за 2,5 години, и ќе го решиме и на преостанатите 500, факт е дека социјалната помош беше 3.000 денари, сега е 10.500, 6.000 наши сограѓани земаат социјална пензија, проектот МојДДВ на секој граѓанин му враќа на сметка 600 денари месеци.
Тие ја зголемија дупло цената на струјата, ние ја вративме евтината тарифа и сега кај граѓаните остануваат 11 милиони евра, нагласи Митрески.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги трошеше народните пари, ама не за граѓаните, туку за жалани врби, мермер, споменици, скулптури, истакна Митрески, додавајќи дека само со тоа што ја спречивме изградбата на панорамското тркало ја зголемивме минималната плата и отворивме 60.000 работни места.
Милијарда евра потрошија на еден километар квадратен, ама не решија ни еден инфраструктурен проблем на граѓаните, нагласи Митрески.
Кога ги стопиравме тие работи и се посветивме на чесно и домаќинско работење, тргнавме напред, решивме многу проблеми, имаме уште многу за решавање, ама ако се споредуваме со ВМРО-ДПМНЕ не можеме, со нула не се споредува, порача Митрески.
Затоа на 15 јули имаме лесен избор, или парите ќе продолжат да одат кај граѓаните или ќе одат во белиот дворец, или ќе има слобода или ќе има режим.
Затоа на 15 јули ќе победиме, затоа што сите заедно, здружени, сплотени можеме оваа држава да ја водиме напред бидејќи можеме уште повеќе и уште подобро.