МИТОВСКИ СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА

0
597

Почитувани сограѓани, драги мои кривопаланчани,

Во изминатите 100 дена служба во Општина Крива Паланка работам со чисто срце, исполнувајќи го она на што се обврзав од првиот ден – посветеност, одговорност, достапност, транспарентност и ефикасност.

Заедно со општинската администрација и Советот на Општина Крива Паланка работиме на нови проекти за отворање нови можности и перспективи за секој граѓанин.

Ветив дека ќе бидам неуморен градоначалник со нови стандарди и принципи на работа, за кои лично се залагам да бидам пример, достапен за секој жител на општината 365 дена во годината, во дослух со потребите на граѓаните. Мојот пристап на работа e служба во функција на граѓаните и уште од првиот ден работам посветено на реализација на ветените проекти од предизборната програма за којашто ја добив Вашата доверба.

Одговорно и отворено работење, брзо и навремено изнаоѓање решенија за конкретните проблеми што ги засегаат граѓаните се приоритет, мој и на општинската администрација, преку динамична работа и храбро соочување со проблемите.

За тоа говорат превземените активности и проектите што ги одбележаа изминатите 100 дена работа, а ќе продолжиме неуморно да креираме и реалзиираме нови, за што подобар развој и економско јакнење на градот.

Вие, граѓаните ми ги дадовте довербата и легитимитетот да ги менаџирам процесите во општината и јас ќе се оддолжам на најдобар можен начин со примена на позитивни промени во решавањето на наталожените проблеми и состојби.

Со почит,

Ваш Градоначалник,
Сашко Митовски.

Фејсбук статус на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.