МИТОВСКИ: ДЕНЕС ПОТПИШАВ МЕМОРАНДУМ ЗА ДЕЛОВНО- ТЕХНИЧКА СОРАБОТКА СО КПУ ЗАТВОР КУМАНОВО ОТВОРЕНО ОДДЕЛЕНИЕ КРИВА ПАЛАНКА

0
506

Денеска потпишавме меморандум за деловно-техничка соработка со КПУ Затвор Куманово отворено одделение Крива Паланка. Во име на КПУ Затвор Куманово договорот го потпиша директорот Ненад Цветковиќ.

Склучен е договор за ангажирање на осудени лица, кои отслужуват казна во отвореното одделение во Крива Паланка за потребите на ЈП Комуналец Крива Паланка.
Осудените лица од КПУ Затвор Куманово отворено одделение Крива Паланк,а ќе бидат ангажирани во извршување на општокорисна работа, преку која им се помага на овие лица во процесот на нивната ресоцијализација и реинтеграција во општеството, а воедно, преку овоие активности, се дава значителен придонес за одржување хигиена и на почиста животна средина.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.