МИТЕВА, ЃОРЧЕВ И АНДОНОВСКИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВИЕНА : САМО ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Е ВИСТИНСКИ ЧЕКОР ВО ОВИЕ ТЕШКИ ГЕОПОЛИТИЧКИ И БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДИЗВИЦИ

0
602

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на меѓународна конференција во Виена.

Членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева и Влатко Ѓорчев, како и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, се во дводневна работна посета на Виена, Р. Австрија.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ учестуваат на меѓународната конференција „Поврзување на Европската народна партија во регионот“, организирана од фондацијата Конрад Аденауер.

Овој настан обединува пратеници од Европскиот парламент, како и политичари од Австрија, Германија, Грција, Кипар, Словенија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина. Генерален заклучок на учесниците е дека во услови на сериозни геополитички и безбедносни предизвици, само вистинско проширување на Европската унија е правилниот политички одговор. Посилното обединување означува и посилна Европа.

На покана на македонските претставници, следната ваква меѓународна конференција ќе се одржи во Скопје, во месец октомври.