Мистериозната режимска фирма „Ексико“ ги врзува Панама и Белизе во Македонија!

0
1514

Мистериозната скопска фирма „Ексико“ првично имала сопственик од Белизе, а пред неколку години продала македонска фирма на компанија од Панама, пишува „Призма“.

Има ли македонски компании и физички лица со оф-шор сметки на Панама беше првото логично прашање што се поставува во македонската јавност откако во медиумите протече најголемата база на фирми и финансиски тајни на светски лидери, политичари, јавни службеници, бизнисмени со сметки на оф-шор компании преку кои се переле пари.

Во Македонија засега се познати десетина компании, меѓу кои и два медиуми чии основачи се фирми во даночните раеви, претежно од Белизе, независната уставна монархија во Средна Америка со излез на Карипското Море, каде што, како што веќе пишуваше БИРН, потребни се само 650 долари за да се отвори фирма за 24 часа.

БИРН долго време истражуваше кои се овие компании и кој се крие зад нив, но освен нивната индиректна поврзаност со познати бизнисмени и со функционери во земјава, речиси невозможно е да се открие од кои причини овие компании решаваат сопственоста на бизнисот да ја кријат во даночните раеви.

Ова се само дел од фирмите за кои е познато дека „ја кријат“ својата сопственост на Белизе, Лугано (Швајцарија), Панама и во САД, а најчесто, тие се регистрирани на исти адреси, односно кај исти компании кои посредуваат при отворање т.н. „школка фирми“.

ЕКСИКО остана најголемата македонска офшор-тајна

Македонската фирма „Ексико“ е можеби најмистериозната компанија во земјава за која се знае дека има капитал од оф-шор даночните раеви, дека е поврзана со заеднички бизниси со „Орка Холдинг“, но нејзиниот вистински сопственик засега останува тајна.

Првиот сопственик на познатата фирма Ексико е Делта Инвестмент ЛТД, оф-шор компанија со седиште во Белизе. Во 2008 година се менува сопственоста – нов газда станува Калвус ЛЛЦ од Соединетите Американски Држави. Седиштето на „Калвус ЛЛЦ“ е на улицата 41 State Street Albany 106.

На истата оваа адреса се наоѓа и фирмата Финзи ЛЛЦ – сопственик на порталот Нетпрес. Имено, Нетпрес е регистриран од компанијата „Нет прес ком ДООЕЛ“, која е во целосна сопственост на „Финзи ДООЕЛ“, формирана од американската компанија.

Сега, сопственик на мистериозната Ексико е Т&МЈ Инвестмент од Лугано, Швајцарија.

Целиот текст ОВДЕ